Нашата цел е со нивната стручност да помогнеме во што побрзо решавање на правните спорови, со тоа што кон секој предмет се приоѓа со посебно внимание. Потврда за успехот на НГСВ во идејата да направиме друштво за вештачења кое се стреми да изгради имиџ на една од најбараните и најпрофесионалните компании за вештачење, е решавањето комплексни спорови и задржувањето на веќе постојните клиенти, како и истовремено зголемување на бројот на клиентите и сè поголемата доверба на судовите да ги насочат своите супервештачења кон НГСВ како финално решение за одреден спор.
Како важен сегмент на правниот систем на Република Македонија, Национална групација за судски вештачења нуди услуги од сите области вештачења и супервештачења, како и процени, и тоа: материјално, економско и финансиско работење, сообраќај, машинство, медицина од сите области, градежништво и архитектура, електротехника, информатички технологии, земјоделство и шумарство, графологија и други услуги. Исто така, се прават и процени за капитал на трговски друштва и за подвижен имот