Често Поставувани Прашања

Националната Групација за Судски Вештачења започна со работа во 2011 година како специјализирана компанија за изготвување на Судски Вештачења, Супер Вештачења и Проценки од сите области за голем број на приватни и државни институции. Како важен сегмент во Правниот систем на Република Македонија, Националната Групација за Судски Вештачења нуди квалитетни и ефикасни услуги во решавањето на комплекси правни спорови во согласност со правните регулативи и стандарди на Република Македонија

Основна дејност на Националната Групација за Судски Вештачења е навремена подготовка и изработка на сите видови судски вештачења од страна на лиценцирани вештаци согласно новиот Закон за вештачење. Области на вештачење

Да.Националната Групација за Судски Вештачењаработи исклучиво со лиценцирани вешти лица согласно регистарот на овластени вештаци од страна на Министерството за Правда. Вештите лица се веќе докажани судски вештаци со богато искуство и долгогодишна успешна работа низ сите судови во Р.Македонија

Под Вештачење се подразбира изготвување на стручен наод и мислење изработено врз основа на примена на научни и стручни методи, технички достигнувања, стручни знаења и искуства во областите што се дефинирани во сите случаи определени со закон или по барање на заинтересирано лице – нарачател.

Судски Вештачење може да има од следните области:  Материјално, сметководствено и финансиско работење, Медицина (психијатрија, невропсихијатрија, хирургија, гинекологија, кардиологија, ортопедија и други), Ветеринарство, Градежништво и архитектура, Електротехника, Информатички технологии, Машинство и сообраќај, Земјоделство, шумарство и водостопанство, Графологија, Геодезија, Рударство, Технолошко инженерство, Хемиско биолошко, Молекуларна биологија и генетика, Токсикологија и дроги, Балистика, Заштита на животната средина и екологијата, Заштита на културното наследство, Заштита на авторското право и други сродни права и права од интелектуална сопственост и Други области.

 Вештачење може да побара секоја заинтересирана странка односно секој кој има правен интерес или одредена правна работа која е во процедура пред судовите односно институциите. Вештачења најчесто бараат судовите, јавните обвинителства во Република Македонија, државните органи, јавните претпријатија, трговските друштва основани од државата, физичките и правните лица, други субјекти 

Супер вештачење e вештачење од повисок степен, односно стручно-критичка експертиза на две противречни вештачења кое може да  го врши тим составен од најмалку тројца вештаци од соодветната област од орган на државна управа, високообразовна установа, научна установа или стручна установа и друштво за вештачење во кое има вработено најмалку тројца вештаци од соодветната област.

Износот на едно вештачење се оформува во зависност на веќе донесениот правилник за начинот на пресметување на награда за вештачење или супервештачење од Службен Весник бр.102 од 09 Јули 2014г.

Во случај на вештачење чија сложеност и потребната експертиза за неговото вршење е од поголем обем, наградите од правилникот може да се зголеми за 200% од утврдените во зависност од: Големината на документот, кој е основ за изработка на вештачењето; Должината на анализиран период, кој е подолг од 3 години; Вредност на спорот; Дела од организиран криминал каде се инволвирани повеќе од пет правни или физички лица; Комплексноста и видот на задачата кои се предмет за изработка на вештачењето, за кое е потребен највисок степен на експертиза и искуство. 

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

  • www.vestak.mk
  • www.procenki.mk

КОРИСНИ ДОКУМЕНТИ

  • Барање за изготвување не вешт наод и мислење
  • Барање за изготвување на процена

КОНТАКТ

Адреса:
ул. Дебарца бр. 4-1/1 1000 Скопје, Македонија
Тел:
(389) 2 322 55 99
Факс:
(389) 2 322 55 99
Веб:
Email:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ЗА НАС

Друштвото за вештачење и проценки, Национална Групација за Судски Вештачења (НГСВ) започна со работа во 2011та година како специјализирана компанија за изготвување на судски вештачења, супервештачења од сите области како и проценки.