Економско вештачење

Вештачењата од областа на материјалното, сметководствено и финансиско работење имаат особено значење, бидејќи поголем дел од судските спорови, трговски, граѓански, стопански спорови имаат потреба од ваков тип на вештачење.

Изготвувањето на стручен наод и мислење, кој може многу да допринесе во понатамошниот спор на тужителот се изработува врз основа на научни и стручни методи, технички достигнувања, стручни знаења и искуства.

Изготвувањето на стручен наод и мислење од областа на материјалното, сметководственото и финансиско работење се базира на документација приложена од страна и на тужителот и на тужениот. Основни документи за изготвување на вешт наод и мислење се:

  •  Договор,
  •  Фактури,
  •  Изводи од сметки
  •  сметководствена евиденција (аналитичка картица)

Националната групација за судски вештачења (НГСВ) располага со стручни и вешти лица, кои можат да помогнат за што побрзо и ефикасно решавање на спорови поврзани со материјалното, сметководствено и финансиско работење.

Најчести барања за изготвување на вешт Наод и Мислење:

  • Наплата на побарување, односно постоење на долг,
  • Надомест на штета (изгубена заработувачка по разни основи)
  • Побарувања од работен однос (неисплатени плати и придонеси од плати).
  • И сите други поврзани со финансиско и сметководтвено работење на трговските друштва, како и на спорови помеѓу физички и правни лица.
Scroll to Top