Електротехничко Вештачење
Електро – техничките вештачења подразбираат изготвување на вешт Наод и Мислење, каде се настанати штети од пожар, електроника, телекомуникациска и сигнална опрема.
За изготвување на вешт Наод и Мислење од оваа област, потребната документација која треба да се достави до вештото лице зависи од видот на штета која е предизвикана.
Бидејќи најчестите вештачења од оваа област се поврзани со кражба на струја, потребна документација за овој тип на вештачење:
- Сметки од потрошена електрична енергија (2год. пред направената контрола)
- Договор со ЕВН (доколку постои)
- Потребен е увид на лице место
- Записник за НМ1 образец (содржи извештај што е најдено на лице место)
- Работни налози
Најчести видови на електро- технички вештачења:
- Пожари предизвикани од електрична енергија
- Дефекти на електро инсталации
- Изведени, неизведени и неквалитетни електро инсталации.