Градежно Вештачење
Вештачењата од областа на градежништвото заземаат широк спектар на градежно- архитектонски услуги. За изготвување на стручен Наод и Мислење поврзан со оваа област, потребна е достава на соодветна документација, која стручното вешто лици би ја употребило за темелно разрешување на настанатата ситуација.
Потребна документација за изготвување на вешт Наод и Мислење од областа на градежништвото и архитектурата:
- Договори за градба,
- Градежна книшка,
- Градежни дневници,
- Извештај од надлежен орган,
- Увид на лице место,
- Издадени дозволи,
- Издадени решенија,
- Проекти
Националната групација за судски вештачења(НГСВ) располага со стручни и вешти лица, кои можат да помогнат за што побрзо и ефикасно решавање на спорови поврзани со градежно- архитектонското работење.
Најчести барања за изготвување на Вешт Наод и Мислење од оваа област:
- Обем на изведени и неизведени работи, согласно договорот за градба,
- Штети настанати поради поплави, пожари…
- Спроведување на детални урбанистички планови