Вештачењата од областа на машинството најчесто се поврзуваат со утврдување на вредноста на машини и возила, товарни возила, автобуси, специјализирани возила, приколки и полуприколки како и други вештачења во зависност од потребите на клиентот.
Изготвувањето на стручен Наод и Мислење кој може да допринесе во понатамошниот спор на тужителот, зависи пред се од уредно доставена документација.
Основни документи, кои се потребни при изготвување на вештачење од областа на машинството:
- Фото документација
- Карактеристики на машината (тип на машина, возило, име….)
- Најголем дел од овој тип на вештачења се поврзани со изготвување на вешт Наод и Мислење поврзан со висината на штета кај возилата, настаната во сообраќајна или друг вид на незгода.
Документација која е потребна за овој тип на вештачење:
- Записник од МВР,
- Записник од Осигурителната Компанија,
- Фото документација,
- Сообраќајна книшка.