Сообраќајно Вештачење
Успешноста во вештачењето на една сообраќајна незгода зависи од квалитетот на влезните податоци, односно податоците кои се овозможени од страна на увидната екипа на МВР. Со нецелосни и нерелевантни податоци, вештакот нема да биде во можност објективно и квалитетно да ја реконструира сообраќајната незгода ако при нивна анализа не утврди постоење на материјални докази со чија обработка би била овозможена веродостојна и доверлива реконструкција и динамика на незгодата.
Изготвувањето на стручен Наод и Мислење од областа на сообраќајното вештачење, се базира на достава на соодветна документација. Основни документи за изготвување на вешт Наод и Мислење:
- Записник од МВР за увид на местото на незгодата (учесници во незгодата, податоци за патот и времето)
- Скица од местото на незгодата
Националната групација за судски вештачења (НГСВ) располага со стручни и вешти лица, кои можат да помогнат за што побрзо и ефикасно решавање на спорови поврзани со сообраќајни незгоди.