ОСНОВИ НА МАШИНСКО ВЕШТАЧЕЊЕ

Вештачењата од областа на машинството најчесто се поврзуваат со утврдување на  вредноста на машини и возила, товарни возила, автобуси, специјализирани возила,  приколки и полуприколки како и други вештачења во зависност од потребите на  клиентот.

 Изготвувањето на стручен Наод и Мислење кој може да допринесе во  понатамошниот  спор на тужителот, зависи пред се од уредно доставена  документација.

 Основни документи, кои се потребни при изготвување на вештачење од областа на машинството:

  • Фото документација
  • Карактеристики на машината (тип на машина, возило, име….)
  • Најголем дел од овој тип на вештачења се поврзани со изготвување на вешт Наод и Мислење поврзан со висината на штета кај возилата, настаната во сообраќајна или друг вид на незгода.

Документација која е потребна за овој тип на вештачење:

  • Записник од МВР,
  • Записник од Осигурителната Компанија,
  • Фото документација,
  • Сообраќајна книшка.
Scroll to Top