ОСНОВИ НА ГРАДЕЖНО ВЕШТАЧЕЊЕ

Вештачењата од областа на градежништвото заземаат широк спектар на градежно- архитектонски услуги. За изготвување на стручен Наод и Мислење поврзан со оваа област, потребна е достава на соодветна документација, која стручното вешто лици би ја употребило за темелно разрешување на настанатата ситуација.

Потребна документација за изготвување на Вешт Наод и Мислење од областа на градежништвото и архитектурата:

  • Договори за градба,
  • Градежна книга,
  • Градежни дневници,
  • Извештај од надлежен орган,
  • Увид на лице место,
  • Издадени дозволи,
  • Издадени решенија,
  • Проекти

Националната групација за судски вештачења (НГСВ) располага со стручни и вешти лица, кои можат да помогнат за што побрзо и ефикасно решавање на спорови поврзани со градежно- архитектонското работење.

Најчести барања за изготвување на Вешт Наод и Мислење од оваа област:

  • Обем на изведени и неизведени работи, согласно договорот за градба,
  • Штети настанати поради поплави, пожари…
  • Спроведување на детални урбанистички планови
Scroll to Top