„Со нови решенија до повисоки стандарди во вештачењето“ – Благица Ристовска и Збратимир Пршкарски, Национална групација за судски вештачења
Потврда за успехот на НГСВ во идејата да направиме друштво за вештачења кое се стреми да изгради имиџ на една од најбараните и најпрофесионалните компании за вештачење, е решавањето комплексни спорови и задржувањето на веќе постојните клиенти, како и истовремено зголемување на бројот на клиентите и сè поголемата доверба на судовите да ги насочат своите супервештачења кон НГСВ како финално решение за одреден спор, велат за Академик Благица Ристовска и Збратимир Пршкарски од Националната групација за судски вештачења.
Обединување на вештаците со долгогодишно искуство
Благица Ристовска и Збратимир Пршкарски за почетоците на дејноста на Националната групација за судски вештачења (НГСВ) велат дека главната идеја била преку стручноста и професионализмот да се направи обединување на вештаците кои имаат долгогодишно искуство и знаење од тематиката на вештачењето.
„Комплексноста на животот и сè посложените правни односи нè доведоа до идејата да ги обединиме вештаците со долгогодишно искуство и знаење, во што и успеавме. Вештите лица се избирани врз основа на критериумите стручност, чесност, професионалност, совесност и пред сè непристрасност “, велат Ристовска и Пршкарски.
„Нашата цел е со стручност да помогнеме во што побрзо решавање на правните спорови“
Тие објаснуваат дека Друштвото за вештачење и процени, Национална групација за судски вештачења (НГСВ), започнало со работа во 2011 година како специјализирана компанија за изготвување судски вештачења, супервештачења од сите области, како и процени и дека денеска се изградени во препознатлив бренд, најмногу поради, како што велат, нивната посветеност во работата.
„Нашата цел е со нивната стручност да помогнеме во што побрзо решавање на правните спорови, со тоа што кон секој предмет се приоѓа со посебно внимание. Потврда за успехот на НГСВ во идејата да направиме друштво за вештачења кое се стреми да изгради имиџ на една од најбараните и најпрофесионалните компании за вештачење, е решавањето комплексни спорови и задржувањето на веќе постојните клиенти, како и истовремено зголемување на бројот на клиентите и сè поголемата доверба на судовите да ги насочат своите супервештачења кон НГСВ како финално решение за одреден спор“, објаснуваат Ристовска и Пршкарски, посочувајќи дека Групацијата денес ги нуди услугите од сите области на вештачења и супервештачења.