Национална Групација за Судски Вештачења беше присутна на интернационалниот конгрес на судски вештаци во организација на Здружението на Судски Вештаци на Црна Гора.
Присуство на овој конгрес земаа здруженија и комори на судски вештаци од повеќе замји од регионот и тоа Македонија, Црна Гора, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Покрај предавањата од различни области на судски вештачења (медицина, сообраќај, градежништво, економско финансиско и материјално работење и останати области). Една од главните фокус теми беа и размената на искуства на судски вештаци во регионот како и позицијата на коморите | здруженијата на судски вештаци во земјите на регионот и улогата и предностите на имање на комора на судски вештаци и проценители.
На овој конгрес исто така беше започната иницијативе на формирање на здружение на судски вештаци на Југоисточна Европа со цел размена на искуства и взаемна соработка помеѓу вештаците и проценителите од државите во Југоисточна Европа