Со почеток во април 2015 година, НГСВ официјално ја промовираше својата софистицирана и модерна Веб страна која претставува спој на модерното и корисното.
Целта на групацијата преку ваквиот вид на промоција е полесно доближување и запознавање на обичниот граѓанин со ваквиот тип на работа, како и олеснета комуникација на НГСВ со своите веќе постоечки клиенти.
Новото софтверско решение овозможува брз и едноставен начин на следење на предметите – од поднесување на барање, преку доделување на стручно вешто лице па се до нивното финално изготвување, се со цел клиентот да биде во секој момент вклучен во процесот на изготвување на својот предмет.
Довербата и успехот на досегашните клиенти, зборува за сериозноста и стручноста на нашиот тим.