ОСНОВИ НА ГРАФОЛОШКО ВЕШТАЧЕЊЕ

Графологијата претставува наука, преку која меѓу другото се анализира и утврдува автентичноста на ракописот или потписот. Ракописот/потписот е карактеристичен и единствен за секој поединец. Како што не постојат два исти отпечатоци од прст, таков е случајот и со ракописот/потписот.

Графологијата/графоскопијата е признаена вештина на утврдување на идентитетот на личноста на основа на ракопис/потпис или проценување на неавтентичноста на некој ракопис/потпис, а која се користи во криминалистката преку дадено вештачење.
Основна документација за изготвувањето на стручниот Наод и Мислење од областа на графологијата:

  • 10-15 неспорни/автентични потписи не постари од од 5-7 години ( најблиску до годината кога е напишана спорната содржина)
  • Оргинална документација
  • За потребите на доставениот предмет, доколку е потребно, вештото лице може да земе ракопис/потпис по диктат со цел утврдување на автентичноста на истиот

Најчести барања за графолошки вештачења:

  • Потпис,
  • Ракопис,
  • Бришење и преправање на оргинална содржина (реституција),
  • Отпечатоци од печат и факсимил

Вешто лице од областа на графологија
Андреј Фишиќ

Scroll to Top