За Нас

Друштвото за вештачење и проценки, Национална Групација за Судски Вештачења (НГСВ)започна со работа во 2011та година како специјализирана компанија за изготвување на судски вештачења, супервештачења од сите области како и проценки. 

Комплексноста на животот и се посложените правни односи, не доведе на идеја да ги обединиме вештаците со долгогодишно искуство и знаење, во што и успеавме. Вештите лица се бирани по основ на критериум на стручност, чесност, професионалност, совесност и пред се непристрасност.

Нашата цел е со нивната стручност да помогнеме во што побрзо решавање на правните спорови, со тоа што кон секој предмет се пристапува со посебно внимание.

Потврда за успехот на НГСВ во нашата идеја да направиме друштво за вештачења кое се стреми да изгради имиџ на една од најбараните и најпрофесионалните компании за вештачење е решавањето на сложени и комплексни спорови, и задржувањето на веќе постоечките клинети, како и истовремено зголемување на истите и се поголемата доверба на судовите да ги насочат своите Супервештачења кон НГСВ како финално решение за одреден спор.

Вештачењето несомнено претставува најчесто применуван начин за утврдување на фактичката состојба во судско-правната практика, и токму поради тоа тимот на НГСВ посветува особено внимание на подобрување на целокупниот процес на вештачење и грижата кон клинтите од самото барање за вештачење до испораката на истото. Тоа значи детално следење на целокупниот процес на вештачење, запазување на роковите и внимателно ракување со документацијата како и постојана комуникација со клиентите.

Несомнено е дека една компанија успешно ќе работи кога од една страна имате искусен тим на вешти лица со долгогодишно искуство,  а од друга страна имате млад тим кој континуирано ги следи технолошките новитети и се што носи современиот начин на живеење. Поврзано со ова НГСВ веќе одреден период работи на софтверско решение кое ќе го подобри и олесни начинот на работа при изработка на вештачења како и подобрување на комуникацијата со веќе постоечките како и новите клинети.

За краток временски период, НГСВ ќе ги презентира дел од своите новитети,  како и новитетите кои што следат во тековната година.

Со самото тоа НГСВ веќе поставува високи критериуми и стандарди за начинот на работа во оваа дејност. 

Scroll to Top